Пуштање во употреба на системот капка по капка за производство на ориз

 Breaking News

Пуштање во употреба на системот капка по капка за производство на ориз

Пуштање во употреба на системот капка по капка за производство на ориз
June 14
09:04 2016

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков денеска во Кочани ќе го пушти во употреба системот капка по капка за производство на ориз.

mihail-480x220

Станува збор за Проект на УСАИД за експанзија на мали бизниси, во чии рамки ќе биде означен почетокот на новата иницијатива за рурален развој „Одржливо производство на ориз“, преку која оваа година експериментално е обезбеден систем за наводнување капка по капка за производство на ориз во Кочани.

Проектот на УСАИД е кофинансиран од Швајцарската амбасада во Македонија, а настанот е организиран во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Општина Кочани, Институтот за ориз во Кочани и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.

Коментари

Коментари

Related Articles