Ранетиот кандидат за градоначалник на Кичево итно опериран во Скопје – каква му е состојбата?

 Breaking News

Ранетиот кандидат за градоначалник на Кичево итно опериран во Скопје – каква му е состојбата?

Ранетиот кандидат за градоначалник на Кичево итно опериран во Скопје – каква му е состојбата?
September 28
07:19 2017

Застрелан со неколку куршуми заедно со пријателите, обид за убиство и заплашување. Веќе во кичевската чаршија се зборува дека е обид за заплашување, да сакале ќе го убиеле, велат кичевчани.

Крвав инцидент вчера ја потресе Македонија, кога попладнето во 18 часот и 50 минути, на улица во Кичево беше пукано кој кандидатот за градоначалник Алит Абази, и уште две лица. 

Според последните податоци, Абази кој се здоби со најлоша рана, и тоа во абдоменот и рбетот, бил итно опериран, засега состојбата му е стабилна, а најавени се повеќе детали во текот на денешниот ден. 

Шефот на неговиот изборен штаб Дестан Абдиу кој исо така беше ранет во десната нога е хоспитализиран во Клиничкиот центар во Скопје, а третиот ранет е Шабан Далипи за кој се грижат во кичевската болница. 

Кон трите лица со пиштол пукал 58 годишниот А.Д. од Кичево со кој тие во текот на денот имале судска парница. Од полицијата информираат дека А.А. и пиштолот со кој пукал се обезбедени. 

Се очекуваат детали во текот на денот како и извештај од МВР за официјални детали за нападот во Кичево.

Воедно се очекува и ДИК да излези со соопптение зошто сепак се работи за пред изборен процес, кандидат за градоначалник како и негови помошници.

Коментари

Коментари

Related Articles