Русија: САД во Сирија војува за економски ресурси, а не против тероризам!

 Breaking News

Русија: САД во Сирија војува за економски ресурси, а не против тероризам!

Русија: САД во Сирија војува за економски ресурси, а не против тероризам!
February 08
20:15 2018

Министерството за одбрана на Русија денес соопшти дека најновото случување во Сирија покажува дека военото присуство на САД во таа земја нема за цел – борба против тероризмот, туку земање на економските ресурси на таа земја.

„Неодамнешниот инцидент уште еднаш покажува дека целта на незаконското присуство на војската на САД е всушност да се стигне до економските ресурси на таа земја, а не борбата против Исламска држава“, се наведува во соопштението на министерството.

Министерството нагласува дека провладините сили во Сирија, кои спречиле напад на екстремистите, прават контрола и надзор на подрачје на граничниот премин Ал Танф, каде што се наоѓа базата на американските сили, па не успеале да го реализираат својот план со руските сили пред почетокот на својата истражна мисија, по што следел нападот на американските сили.

Сириските државни медиуми известуваат дека коалицијата предводена од САД ги нападнала владините сили на истокот на Сирија, каде што биле убиени и повредени десеттина борци.

Претходно непознато американско официјално лице изјави за „Ројтерс“ дека биле убиени над 100 борци лојални на претседателот Башар ал Асад.

Медиумите пренесуваат дека портпаролката на руското министерство за одбрана, Марија Захарова изјавила дека екстремистите на ИД се чувствуваат пријатно со американската база, која се наоѓа во подрачјето на Ал Танф.

„Незаконското присуство на САД во Сирија останува сериозен предизвик, кој пречи на напорите за промовирање на мировниот процес, сириската еднаквост и територијалниот интегритет“, вели таа.

Таа нагласува дека преостанатите екстремисти ги користат зоните кои американските сили ги превземаа околу своите бази и дека во неа се чувствувуваат безбедно за да се подготват за понатамошни напади

„Преостанатие екстремисти на ИД користат зона од 55 км, која Американците ја направија околу својата воена база, за да избегаат од потрагата на силите на сириската влада. Екстремистите на ИД се чувствуваат безбедно во тоа подрачје.“

Русија го осуди овој напад и го нарече чин на агресија.

„Дел од коалицијата на САД не беше во склад со правните норми, ова без никаков сомнеж е – агресија“, вели русинот Франк Клинчевиќ.

Коментари

Коментари

Related Articles