Сабина Факиќ во текот на интервјуирањето не знаела дека е Баџанак на Џафери, Нури Бајрами

 Breaking News

Сабина Факиќ во текот на интервјуирањето не знаела дека е Баџанак на Џафери, Нури Бајрами

Сабина Факиќ во текот на интервјуирањето не знаела дека е Баџанак на Џафери, Нури Бајрами
February 11
11:22 2019

Сабина Факиќ, која беше член во комисијата за селекција на кандидатите за членови на антикорупциска комисија, на денешното гостување во централниот Дневник на 1ТВ, кажа дека биле избрнаи најдобрите кандидати кои ќе бидат дел од комисијата.

Кога ја видовме листата на кадиндати, стравувавме дека политичките партии би можеле да одберат, а ние да бидеме своевиден декор, на крајот не испадна така. Оние кои победија беа најдобрите, рече Факиќ.

На прашање за Нури Бајрами, баџанакот на Талат кој беше избран за член на антикорупциска комисија, Факиќ вели дека комисијата не знаела за тоа во моментот на интервјуирањето.

Во текот на интевјуирањето на Нури Бајрами ја немавме таа информација, но јас би рекла дека доволен факт е да го погледнете неговото интервју и да го споредите со останатите членови кои не влегоа во тој тесен избор. Високи оцени доби од сите учесници во селекцијата. Неговот избор беше направен во една транспарента сцена, тој се издвои со критиките кои ги даде за партиските вработувања.

Коментари

Коментари

Related Articles