СДС, КАДЕ ВИ СЕ ФАНТОМИТЕ?

 Breaking News

СДС, КАДЕ ВИ СЕ ФАНТОМИТЕ?

СДС, КАДЕ ВИ СЕ ФАНТОМИТЕ?
September 28
16:07 2017

Замислете СДС влегува во изборен процес без да ги спомне фантомите. Чудно како наеднаш шизофрените СДС врескачи се откажаа од темата фантоми и од лицитацијата со фантастичните, за нормален човек неверојатни бројки дека во Македонија имало 500.000, па имало 300.000 фантомски гласачи, па волку па онолку. Само неколку месеци од хистериите на Рада и на Црпнатиот и нивните лажги без опашки дека „режимот“ ги користел фантомите за монтирање на изборните победи, грамофонската плоча со фантомската песна е симната од репертоарот на СДС и никој ниту ја гукнува, ниту ја пее таа добро позната, море хит песна за 2015 и за 2016 година.

Грлатата Рада никаде ја нема да замафта со избирачкиот список пред медиумите, па некако како да ни недостасува ланската сцена на загрижена мустра што секојдневно откривашенови и нови фантоми на метар квадратен. А богами ни недостасува и Црпко да ни соопшти дека пронашолуште еден фантом плус во тие 500.000 фантоми најдени од неговиот тим. И морам да признаам дека на овие избори некако ми недостасува целата таа комедија, таа неверојатна убеденост на презентериве дека ни ја доловуваат „вистината за Македонија“ во нашите домови, и дека ние сме пресреќни поради тоа.

Ми недостасуваглупоста без граници и таа пренагласена потреба да се убедува јавноставо вистинитоста на „фактите“ кои можат да се сметаат за „факти“ само во научната фантастика и никаде на друго место. И нели, после секоја изнесена сензација во јавноста, ред е барем истата да се потхранува и напојува уште барем некое време, постепено да се намалува сензационалноста, и полека да се ретерира, зана крај и целосно да ја снема.Вака како што наеднаш ја снема остави бришан простор на апла голите и некрокопсани лажги на челнициве.

Пи-ар службата на СДС повторно киксна. И така, на овие избори можеби ги снема фантомите ама наместо нив ете ни ги пак назад познатите изборни криминалци од 2000, 2004, 2008 година, истите докажани каубојци на изборната сцена како повторно пукаат среде улици, и со закани за убиства му го расчистуваат просторот на својот политички газда. Оти газдата ги пушти од затвор не затоа што се многу убави и многу воспитани, туку затоа што му требаат како леб да ги сотрат сите конкуренти на политичката сцена. Амнестијата треба да се одработи.

Затоа на овие избори можеби куртуливме од песните на дуетот Рада&Црпко за фантомите, ама како што стојат работите секојдневно ќе ги слушаме „песните“ на куршумите. Црпнатиот решил да прави дивЗапад од Македонија па со одлука на Влада пушти од затвор сė што знае да пука. И не само да пука, туку таргетирано да пука, да пука против сė што не е СДС и ДУИ. Сеењето на страв започна. Тоа е и ќе остане основната цел на владеењето на новата полна со „живот“ Влада. Тој што до вчера се бореше против некаков измислен „режим“ денес спроведува режимска политика пар екселанс.

Тој што до вчера зборуваше дека демократијата му е сė, денес руши сė што значи демократија. Тој што до вчера се колнеше дека ќе се бори против криминалот и корупцијата во државата, испадна дека е прв криминалец и прв коруптивен човек во државата. Тој што ветуваше подобар живот во државата за сите, денес нуди криминалци на улиците и криминално зграпчување на целата власт, по секоја цена!

Ни народ се ферма, ни луѓе се гледаат. Целата власт во мои раце, по секоја цена, за потоа со страв да ги замолчам сите, и да правам со земјата што си сакам. Тоа е девизата на нивниот „живот“ и на нивната „демократија“!

Колумна на Тања Каракамишева- Јовановска

Коментари

Коментари

Related Articles