Се огласи Хан за бегството на Груевски: Не сум наивен, ако ја гледате рутата на бегството, патот не беше директен, туку низ регионот

 Breaking News

Се огласи Хан за бегството на Груевски: Не сум наивен, ако ја гледате рутата на бегството, патот не беше директен, туку низ регионот

Се огласи Хан за бегството на Груевски: Не сум наивен, ако ја гледате рутата на бегството, патот не беше директен, туку низ регионот
January 16
16:35 2019

Се надевам дека последните случувања во Грција нема негативно да се одразат врз Договорот од Преспа и дека тој ќе мине во грчкиот Парламент, вели меѓудругото еврокомесарот Јоханес Хан во интревју за МИА.

Тој потенцира дека спорот за името не е единствениот услов за почеток на преговорите со ЕУ и препорачува фокусот да се стави врз реформите, а не на можни предвремени избори.

Одлуката што треба да ја донесе грчкиот Парламент е, се разбира, суверена одлука.

Но, се надевам и верувам дека последниот чекор во решавањето на овој долготраен спор може да се постигне бидејќи толку многу напори беа вложени.

Овој договор е од бенефит за целиот регион, вклучително и земјите членки на ЕУ и се разбира посебно Грција, вели тој.

Решението за спорот за името е огромен чекор напред и директно поврзан со пристапниот процес бидејќи помирувањето и добрососедските односи се клучни елементи, но има и други елементи во овој целисходен трансформациски процес исто така, како што стои во реформската агенда.

Верувам дека со реформски ориентираниот дух кој земјата го покажа во изминатата година, другите работи исто така можат да се постигнат, додава Хан за МИА.

За Груевски вели дека не е наивен.

Ако ја гледате рутата на бегството, патот не беше директен, туку низ регионот и ова е некаков регионална соработка која не помага и не ми се допаѓа.

И им го ставив на знаење јасно на сите колеги во регионот.

Немам докази, ама не сум ни наивен.

Би било најдобро да му се суди во земјата каде е сторено делото и во согласност со правната држава, завршува Хан. Извор: МИА.

Коментари

Коментари

Related Articles