Се огласи и Силјановска за вработувањата на синови, ќерки, сестри, и други блиски роднини на партиски и државни функционери

 Breaking News

Се огласи и Силјановска за вработувањата на синови, ќерки, сестри, и други блиски роднини на партиски и државни функционери

Се огласи и Силјановска за вработувањата на синови, ќерки, сестри, и други блиски роднини на партиски и државни функционери
February 11
23:35 2019

За вработувањата на синови, ќерки, сестри, и други блиски роднини на партиски и државни функционери

Апелирам Народниот правобранител да покрене постапка за утврдување на прекршување на едно од основните права на граѓаните, правото на еднаквост при остварување на правото на работа.

Стотици можеби илјадници луѓе се жртви на партиски инжинеринг во кој од процесот на пристап до вработување се елиминирани луѓе со високи квалитети.

Високо едуцирани кандидати, вредни, искусни експерти, студенти, магистри, доктори на науки со највисоки оценки станаа жртви на системот за да се вработат блиски роднини на актуелни политичари во врвот на партиите и власта.

Наспроти студенти со просек 10 во јавните претпријатија се вработуваат луѓе за кои воопшто не дознавме какви квалификации поседуваат.

Не очекувам оваа власт да го спречи непотизмот на своите највисоки претставници.

Но верувам дека Омбдусманот може по анализа на процедурите при вработување на децата и роднините на политичарите да започне ревизија на оваа дискриминација со која ќе биде исправена неправдата.

Без обезбедување еднаквост за сите свесно се туркаат младите луѓе надвор и се зголемува недовербата на граѓаните кон владеење на правото и принципот на еднаквост кој е еден од темелите на нашиот уставен поредок.

II. ОСНОВНИ СЛОБОДИ И ПРАВА НА ЧОВЕКОТ И ГРАЃАНИНОТ

1. Граѓански и политички слободи и права
Член 9

Граѓаните на Република Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба.

Граѓаните пред Уставот и законите се еднакви.

Коментари

Коментари

Related Articles