Се огласија од ДЗЛП: Сергеј не смее да ги користи фотографиите на познатите, треба да побара дозвола од нив

 Breaking News

Се огласија од ДЗЛП: Сергеј не смее да ги користи фотографиите на познатите, треба да побара дозвола од нив

Се огласија од ДЗЛП: Сергеј не смее да ги користи фотографиите на познатите, треба да побара дозвола од нив
January 24
18:20 2019

Дирекцијата за заштита на личните податоци (ДЗЛП) до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, достави известување, дека во случајот кој Агенцијата го иницираше за емисијата „Студио Мода“ емитувана на 1ТВ, е утврдена повреда на правото на заштита на личните податоци.

Водителот на емисијата Сергеј Варошлија, за да може јавно да ги критикува познатите личности користејќи слики кои тие ги објавуваат на социјалните мрежи, требало да бара дозвола од нив.

Агенцијата за аудиот и аудиовизулени медиумски услуги направила вонреден надзор на блокот Мода на 1 ТВ по добиени преставки.

Во Дописот од Дирекцијата, наведено е дека на 1 ТВ му е дадено укажување во насока на почитување на прописите за заштита на личните податоци, во делот на користење на личните податоци во емисијата, особено во делот на користење фотографии обезбедени преку социјалните мрежи, со оглед дека нивната обработка без согласност од субјектот на личните податоци, претставува неправична и незаконска обработка на личните податоци, се вели во дописот.

Коментари

Коментари

Related Articles