Се зголемува цената на нафтата за 3.5 денари, за да се намали употребата на дизел горива се зголемува акцизата за нафтата

 Breaking News

Се зголемува цената на нафтата за 3.5 денари, за да се намали употребата на дизел горива се зголемува акцизата за нафтата

Се зголемува цената на нафтата за 3.5 денари, за да се намали употребата на дизел горива се зголемува акцизата за нафтата
November 02
17:01 2017

Од нова година ќе има повисока акциза за дизелот, мазутот и за екстра лесното масло за домаќинство. Дизелот поскапува за 3,5 денари, соопшти министерот за финансии Тевдовски на јавна дебата за предлог- буџетот за в година. Не очекува инфлаторен притисок. Државната каса ќе тежи 3 милијарди и 440 милиони евра, се планира економски раст од 3,2 проценти.

Поскапува дизелот, мазутот  и екстра лесното масло за домаќинствата. Владата одлучи следната година да ја полни буџетската каса со поскапа нафтена акциза за 3 денари, наместо со повисок данок за побогатите како што беше најавено.  Засега е познато само дека со ова дизелот ќе поскапи за 3,5 денари, а бензинот останува непроменет.

Од финансии очекуваат да се намали употребата на ова гориво како и загадувањето на животната средина. Ресорниот министер уверува дека покачената акцизна давачка нема да предизвика инфлаторно  дејство, односно нема да поскапат останатите производи.

Но останува нејасно како Владата ќе ги убеди транспортерите да не ги покачат цените што неминовно ќе доведе до поскапување на сите производи.

Отворено е прашањето и дали ќе поскапи парното во Скопје затоа што мазутот е енергенсот кој се користи за затоплување.

И гувернерот на НБРМ смета дека зголемената акциза нема да има голем директен ефект врз инфлацијата следната година. Но, колкав ќе биде  индиректниот ефект сеуште не можат да проценат .

Капиталните инвестиции за следната година се проектирани на 401 милион евра, или скоро 6 % повеќе од годинава.

Со скроениот буџет за 2018 од септември следната година за 5 % ќе се покачат платите на здравствените работници, вработените во градинките, основните и средни училишта. Припадниците на АРМ ќе добијат 10 % покачување.

Државната каса догодина ќе тежи 3,44 милијарди евра. Растот на економијата е предвидено да изнесува 3,2 %, а инфалцијата 1,7 отсто. Приходите се проектирани на 3,14 милијарди евра, а дефицитот 2,7 % од БДП.

Коментари

Коментари

Related Articles

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment