Села извиси во Министерството за здравство – Владата на Заев пред реконструкција?

 Breaking News

Села извиси во Министерството за здравство – Владата на Заев пред реконструкција?

Села извиси во Министерството за здравство – Владата на Заев пред реконструкција?
December 05
11:24 2017

Скоро месец и половина по изборите и уште еден месец претходно, македонската влада работи без Министер за здравство. 

Еден од најважните сектори се уште го чека својот предводник кој очигледно заглави во политичките комбинаторики на партиите од власта.

И денеска, исто како и пред неколку недели, одговорот кој може да се добие и од премиерот но и од луѓето кои редовно „неофицијално брифираат“ е дека во игра се сите опции. 

Од назначување на нов министер за здравство од редовите на партијата на Села па се до целосна реконструкција на владиниот кабинет која би подразбирала рокади во неколку сектори.
Последната приказна поврзана со оваа тема е назначувањето на нов вицепремиер кој ќе биде задолжен за реформи. 

Токму овој нов ресор би бил за кадар од партијата на Села. 

Од таму пак денеска не може да се добие никаква информација поврзана со оваа последна најава.
Она што последен пат го добивме како официјален став од Алијансата е дека тие веќе му го предложиле на Заев својот предлог за Министер за здравство и дека сега се чека премиерот да ја донесе последната одлука.

Тој пак, само ја продлабочи дилемата. Со последната изјава јасно остави простор, Села да остане без Министерството за здравство.

„Навистина, при првичната распределба здравството беше дадено на Алијанса на Албанците, но заради доктор Арбен Таравари, кој важеше за прифатлива личност за медицинскиот персонал“, изјави завчера премиерот Заев.

И во СДСМ не кријат дека го сакаат овој ресор и дека се подготвени да влезат во него, а во замена да понудат други ресори.

Дали Алијансата на Села ќе извиси во здравство, одговорот се очекува премиерот да го соопшти деновиве кога се очекува и Села да се врати од посетата на САД.

Коментари

Коментари

Related Articles