Сфетас: Тито го измислил името Македонија за да го анектира грчкиот дел од Македонија, учебниците говорат

 Breaking News

Сфетас: Тито го измислил името Македонија за да го анектира грчкиот дел од Македонија, учебниците говорат

Сфетас: Тито го измислил името Македонија за да го анектира грчкиот дел од Македонија, учебниците говорат
February 05
17:36 2019

„Не е задача на луѓето таму (во Македонија – н.з.) да оценуваат како тука биле третирани славофоните. Токму тоа е проблемот.

По создавањето на Народна Република Македонија започнува процес на извоз на македонизмот“, вели професорот Спиридон Сфетас од Универзитетот Аристотел во Солун во интервју за „Дојче веле“, одговарајќи, меѓу другите, на прашањето како тој гледа на тоа што многумина во Македонија и префрлаат на Грција за политиката на асимилација спроведувана кон населението кое не се чувствувало грчко…

„ Не е задача на луѓето во Северна Македонија да одлучуваат како се чувствуваат луѓето тука. Ние тука имавме три категории: една група која имаше бугарска самосвест, една друга група со грчка самосвест- гркомани иако не зборуваа грчки, и третата која беше аморфна маса со флуиден идентитет.

И сега од име на македонизмот да се инсистира на формирање на некаков колективен идентитет затоа што другата страна сака да го реши својот проблем, според мене е наметнување.

И затоа тоа го сметам за насилно македонизирање на славофоните особено за време на Граѓанската војна во регионите кои беа контролирани од партизаните и во кои делуваа агенти од Скопје.

Тоа беше насилна македонизација под контрола на Југославија“.

На прашањето на ДВ дали за него „асимилацијата и хеленизацијата на населението пред Втората светска војна не е никаков проблем, но македонизирањето, како што вели тој е големиот проблем“ Сфетас одговара:

„Да, токму така, тоа беше проблем, затоа што македонизацијата беше поврзана со територијални претензии. Тогаш егзистираше таква политика.

Имаше држава со главен град Скопје која сакаше да ја обедини целата територија на Македонија.

Погледнете за што се залагаа тогаш Панко Брашнаров, Димитар Влахов, Методија Андонов-Ченто, па и Киро Глигоров ако сакате.

Тие сакале обединета Македонија надвор од границите на Југославија.

Ченто завршил во затвор, а Глигоров е испратен во Белград за таму да гради кариера, како предупредување“.

Запрашаан што учат грчките ученици за Граѓанската војна во Грција? Како се гледа на тој период, Сфетас одговара:

„Тие добиваат впечаток дека Тито го измислил името Македонија за да создаде база за да го анектира грчкиот дел на Македонија.

Учебниците говорат за територијалните претензии од Тито кон нашата територија“.

Целото интервју на следниот ЛИНК.

Коментари

Коментари

Related Articles