Шок листа на најбараните екстремисти во Ирак: Го нема лидерот на Исламска дрќава, но ја има ќерката на Садам Хусеин! (Видео)

 Breaking News

February 05
18:47 2018

Властите во Ирак во неделата објавија список со 60 најбарани луѓе, кои наводно припаѓаат на Исламска држава (ИД) или Ал Каеда.

На листата е името на Садам Хусеин, која моментално живее во Јордан.

Листата содржи имиња на 28 луѓе за кои се смета дека припаѓаат на ИД, 12 од Ал Каеда и 20 од поранешната партија Бат.

Сите обвинети се од Ирак, со исклучок на Ман Башур, Либанец, кој е обвинет за регрутирање на луѓе од Либан за борбата во Ирак.

Еден од поважните отсустни лица од листата е лидерот на ИД, Абу Бакр ал-Багдади, но објаснувањето зошто го нема на листата, сеуште нема.

„Ова се терористи кои се најбарани од страна на правосудните органи и службите на безбедност. Ова е прв пат да ги објавиме овие имиња, кои досега беа тајна“, вели еден дипломат.

Наводните борци на ИД на листата се обвинети за учество во деветмесечната борба за ослободување на Мосул и околните подрачја, вклучувајќи ги Нинива, Киркук, Дијала и Анбар.

Екстремистите исто така се обвинети за бомбашки напади, бомбардирање, напади на силите на безбедност, финансирање и транспорт на оружје.

Коментари

Коментари

Related Articles