Со штедење до евтина струја од 14 до 16 часот и од 22 до 07 наутро

 Breaking News

Со штедење до евтина струја од 14 до 16 часот и од 22 до 07 наутро

Со штедење до евтина струја од 14 до 16 часот и од 22 до 07 наутро
August 24
15:43 2017

По два часа дневно евтина струја од 14 до 16 часот, вклучително и сабота, а во недела 24-часа. За ваквата мерка Владата ќе обезбеди 8 милиони евра со намалување на непродуктивните трошоци во државните компании ЕЛЕМ и МЕПСО, и со намалување на трошоците за ископ на јаглен.

Од октомври се враќа евтината тарифа на струјата. Владата објави дека граѓаните ќе имаат на располагање евтина струја по два часа дневно, од понеделник до сабота, како и в недела цел ден. Мерката е усогласена со Енергетската заедница, а во меѓувреме ќе бидат завршени сите потребни активности, најави преммиерот Зора Заев.

„Оваа мерка чини 8 милиони евра. Тие пари ги враќаме назад кон сите граѓани.Знаете дека евтината тарифа најмногу ја користат сиромашните граѓани, значи дека најповеќе ќе заштедат посиромашните граѓани на нашата земја. Денеска објавуваме дека тоа го реализираме. По 2 часа денска евтина тарифа на струја секој работен ден и сабота вклучително од 14 до 16 часот, потоа секој работен ден евтина струја од 22 часот до 7 часот наутро и во неделите 24 часа евтина тарифа на струјата“, изјави премиерот Зоран Заев.

Новата мерка нема да влијае на покачување на цената на струјата и таа останува непроменета до следниот јули, најави Заев. ЕВН Македонија нема да добие никаква субвенција за враќањето на евтината тарифа, со Енергетската заедница во Виена е постигната согласност дека оваа мерка е техничка и економска и не е во спротивност со европските правила, ниту пак е ограничена временската рамка за примена на новата мерка,појасни вицепремиерот Анѓушев. Средствата за покривање на евтината тарифа се веќе лоцирани во заштедите кај држаните енергетски компании.

„Намалувањето на непродуктивните трошења во енергетските компании во Македонија пред се во ЕЛЕМ и во МЕПСО, и намалувањето на цените на ископите, намалувањето на цените на репроматеријалите во енергетските компании и заштедите, или со еден збор домаќинското работење во енергетските компании ќе биде преточено во секое семејство како бенефит олицетворено преку евтината тарифа“, рече вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев.

Коментирајќи ги цените при ископ на јаглен за термоцентралите, премиерот Заев најави дека на утрешната лицитација, вредна 13,5 милиони евра, наместо поранешните цени од 134 до 167 денари, ќе се оди со негативно наддавање со почетна цена од 89 денари за тон. Бенефитот од оваа мерка најмногу ќе го почувствуваат најсиромашните граѓани, рече премиерот Заев.

 

Коментари

Коментари

Related Articles