Снегот ја блокираше стража – забрана за тешки товарни возила

 Breaking News

Снегот ја блокираше стража – забрана за тешки товарни возила

Снегот ја блокираше стража – забрана за тешки товарни возила
November 28
21:53 2016

Поради интензивни врнежи од снег, превентивно се воведува забрана за тешки товарни возила на планинскиот превој Стража, соопшти Диспечерско-информативниот центар на ЈП „Македонија пат“.

Претходно исто така поради интензивни врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај на тешки моторни возила и на патниот правец крак Маврово – Дебар и обратно. Како што информира АМСМ, забраната е на сила од 21:15 часот.

ЗАБРАНА ЗА СООБРАЌАЈ: Поради врнежи од снег, воведени се забрани за сообраќај на тешки товарни возила на патните правци Маврово – Дебар и обратно, Гостивар – Кичево и обратно, како и на планинскиот премин Стража.

НОРМАЛИЗИРАН СООБРАЌАЈ: Патниот правец Штип-Радовиш кај м.в.„Пилаф Тепе“, кој поради сообраќајна незгода беше во прекин, е нормализиран.

Коментари

Коментари

Related Articles