Спасовски: На Македонија и треба храбар визионер за претседател

 Breaking News

Спасовски: На Македонија и треба храбар визионер за претседател

Спасовски: На Македонија и треба храбар визионер за претседател
February 07
07:40 2019

Министерот Спасовски вели дека СДСМ како партија е во процес во кој сите размислуваат каков претседател и е потребен на Република Македонија, а тој се надева дека ќе се избере вистинскиот кандидат.

На Република Македонија и треба храбар визионер кој ќе ги поддржува членството во НАТО и ЕУ, кој ќе ја реформира функцијата претседател во однос на тоа што е сега, вели тој за 1ТВ.

Според Спасовски, постапката во СДСМ е најтранспарентна и најдемократска, затоа што почнува уште од месните одбори и општинските организации, објавен е јавен повик на кој може да се пријават кандидатите.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во вечерашното гостување на ТВ 1 рече дека бегството на Никола Груевски покажало слабости на системот.

Коментари

Коментари

Related Articles