Страшна несреќа се случила на Вулканизер во Куманово

 Breaking News

Страшна несреќа се случила на Вулканизер во Куманово

Страшна несреќа се случила на Вулканизер во Куманово
November 11
10:03 2016

Во 11 часот и 25 минути во полицијата во Куманово било пријавено дека на улицата „Бранко Богдански Гуцман“, во вулканизерска работилница, 52-годишниот вработен Љ.В. од Куманово, додека работел, се здобил со тешки телесни повреди. Љ.В. додека пумпал гума од влекач „МАН“ со кумановски регистарски ознаки, која била поставена на машина, од непознати причини дошло до пукање на гумата при што Љ.В. паднал на земја и се здобил со тешки телесни повреди. Истиот бил пренесен во Медицински центар Куманово, каде е задржан на посматрање. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово во содејство на државен инспектор за труд, безбедност и здравје при работа. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Коментари

Коментари

Related Articles