„Витаминка“ го купува имотот од штипски „Брилијант“ за 7,3 милиони евра

 Breaking News

„Витаминка“ го купува имотот од штипски „Брилијант“ за 7,3 милиони евра

„Витаминка“ го купува имотот од штипски „Брилијант“ за 7,3 милиони евра
February 15
00:33 2018

Прилепска „Витаминка“ ќе вложи 7,3 милиони евра во недвижен имот, земјиште, движни ствари и во права од индустриска сопственост кои ќе ги купи од „Комерцијална банка“, а ѝ припаѓале на штипската фабрика за производство на масло за јадење „Брилијант“, дознава Фактор.

Станува збор за купување недвижен имот со површина од 4.956 квадратни метри и земјиште со право на сопственост од 21.592 квадратни метри – oбјави “Република”

„На основа на утврдената деловна политика и политиката за среднорочен и долгорочен развој на П.И.„Витаминка“ АД Прилеп, се актуелизираше потребата за обезбедување дополнителни средства за финансирање на инвестициите во друштвото поврзани со модернизација и автоматизација на техничко-технолошките процеси, комплементарност и интегрирање во производството и развој на нова група на производи.

Оваа зделка се оправдува со зацврстување на друштвото како лидер во прехранбената индустрија во Македонија и е во насока на зголемување на вкупниот приход на друштвото“, стои во образложението на Одборот на директори кое треба да го одобри Акционерското собрание.

Коментари

Коментари

Related Articles