ВЛАДА НА РМ: Избран нов директор на УЈП и на Агенцијата за храна и ветеринарство

 Breaking News

ВЛАДА НА РМ: Избран нов директор на УЈП и на Агенцијата за храна и ветеринарство

ВЛАДА НА РМ: Избран нов директор на УЈП и на Агенцијата за храна и ветеринарство
June 17
12:45 2017
За директорка на УЈП е именувана Сања Лукаревска, а за директор на Агенцијата за храна и ветеринарство е именуван Зоран Атанасов

На вчерашната седница Владата на Република Македонија донесе повеќе важни одлуки за потребите на граѓаните и направи потребни кадровски промени во интерес на стабилноста и безбедноста на граѓаните и на државата. Владата постави нови директори и на УЈП и на Агенција за храна и ветеринарство. За директорка на УЈП е именувана Сања Лукаревска, а за директор на Агенцијата за храна и ветеринарство е именуван Зоран Атанасов.

Ги разреши членовите на Управниот одбор на шумскиот резерват „Јасен“. За нови членови на УО на „Јасен“ се именувани Марјан Даскаловски, Зоран Наков, Ирена Станкоска, Ристо Спасовски и Илми Селмани.
За в.д. директор на Државниот просветен инспекторат го именуваше Томе Спировски. Разрешена е в.д. директорката Надица Николоска, поради тоа што е констатирано дека и е истечен мандатот од 9 мај 2017 година.
Од вршител на должноста директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа, на негово барање е разрешен Ванчо Шехтански.

Владата на Република Македонија, седницата донесе одлука да овозможи бесплатна услуга, одмор и рекреација, на деца од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток за ова лето, 2017 година, за што е задолжено е Министерството за труд и социјална политика во рок од пет дена да донесе Програма за седум дневен одмор за време на летниот распуст во учебната 2016/2017 година.

На седницата се разгледуваше и се усвои информација за штетите врз земјоделски култури од невремето на 14 јуни во скопскиот, тетовскиот, велешко – светиниколскиот, кумановскиот, штипскиот и гевгелискиот регион. Задолжено е ресорното Министерство за земјоделство да формира комисии коишто по поднесените барања од земјоделците ќе ја утврдат настаната штета. Рокот за поднесувње на барањата е од 19.06 до 30.06.2017, а се достауваат до подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Владата за членови на Економско-социјалниот совет ги именуваше Мила Царовска, министерка за труд и социјална политика, Драган Тевдовски, министер за  финансии, Крешник Бектеши, министер за економија и Кочо Анѓушев, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските.

Се усвои предлогот на Министерството за образование за објавување Конкурс за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје, во учебната 2017/2018 година. Донесена е и одлука за дополнителни квоти за запишување студенти, припадници на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија во прва година прв циклус на студии, на јавните високообразовни установи на универзитетите:  “Свети Кирил и Методиј” во Скопје, “Свети Климент Охридски” во Битола, универзитетот во Тетово, универзитетот “Гоце Делчев” во Штип, универзитетот за информатички науки и технологии “Свети Апостол Павле” во Охрид и универзитетот “Мајка Тереза” во Скопје, во учебната 2017/2018 година.

Коментари

Коментари

Related Articles