Влада на РМ: Не го поставуваме натписот, ја варосуваме фасадата пред церемонијата утре

 Breaking News

Влада на РМ: Не го поставуваме натписот, ја варосуваме фасадата пред церемонијата утре

Влада на РМ: Не го поставуваме натписот, ја варосуваме фасадата пред церемонијата утре
February 12
00:28 2019

Владиниот потпарол за Прес 24 вели дека не се поставува натписот „Севетна Македонија“ туку дека се варосува зградата.

Откако денеска беше отстранет знакот на кој пишува „Влада на Република Македонија“ ноќеска пред валдата имало паркирана дигалка која чекала да ја постави новата табла на која треба да пишува „Влада на Северна Македонија“, пишува Скопје 1.мк.

Сепак владиниот потпарол за Прес 24 вели дека се варосува владината фасада на места каде што била оштетена за утрешната церемонија за подигање на знамето на НАТО.

Официјалното прво подигање на знамето ќе се изврши во текот на утрешниот ден. Денеска се поставуваа столици за гостите што ќе присуствуваат на свеченоста, а припадници на Гардата на АРМ ги вежбаа активностите што ќе треба да ги изведат.

Коментари

Коментари

Related Articles