Во 2018 секое македонско семејство ќе има 1000 денари месечно помалку за трошење

 Breaking News

Во 2018 секое македонско семејство ќе има 1000 денари месечно помалку за трошење

Во 2018 секое македонско семејство ќе има 1000 денари месечно помалку за трошење
December 26
22:08 2017

Новата година ќе донесе нови цени на серија производи и услуги кои ги користат граѓаните. Лошата вест е што скоро сите корекции ќе бидат нагорни.

Од 1 јануари како новогодишна честитка, дизелот станува поскап за 3,5 денари. Заедно со вчерашното поскапување од половина денар, дизелот ќе стане 4 денари поскап што е нешто под 10% поскапување.

Некаде на стартот на летото, ако тоа не се случи и порано, ќе поскапат и цигарите. Согласно Законот за акцизи, секоја кутија треба да биде поскапа за околу 4 денари.

Веќе е познато дека поскапа ќе биде и водата за сите граѓани со исклучок на скопјани. Поскапувањата се различни во секоја од општините, пишува Прес24.

Најавена е и можноста за идната грејна сезона да плаќаме и поскапо парно. БЕГ најави дека поставувањето на калориметрите ќе го зголеми трошокот на корисниците за околу 30%. Тоа значи дека оние кои ќе имаат калориметри, ако до сега плаќале 2000 денари за парно, сега ќе треба да плаќаат 2600 денари.

Не треба да биде изненадување ако поскапи и струјата со воведувањето на либерзлиацијата. И Вицепремиерот Анѓушев не ја отфрли таа можност доколку дојде до такви движења на светските берзи на струја.

Ова практично значи дека скоро сите сметки кои ќе ги плаќаат граѓаните во идната година ќе бидат повисоки од овогодинешните.

Единствено, веќе неколку месеци граѓаните на товар ја немаат радиодифузната такса од 190 денари која владата ја укина, пишува Прес24.

Сепак, пресметките велат дека само поради овие поскапувања, едно просечно семејство ќе има околу 1000 денари месечно помалку на располагање во својот семеен буџет.

Коментари

Коментари

Related Articles