Живеам во држава во која најголема радост е да му умре козата на комшијата

 Breaking News

Живеам во држава во која најголема радост е да му умре козата на комшијата

Живеам во држава во која најголема радост е да му умре козата на комшијата
February 13
22:08 2018

„Живеам во држава која се наоѓа во зоната на сомракот.
Таа егзистира во 16-17 век.

Во неа живеат голем број примитивни, насилни, глупи, злобни и мрзливи луѓе.

Во неа уште најголема радост е да му умре козата на комшијата, да украдеш а да не те фатат, да добиеш нешто што не заслужуваш и да добиеш позиција на која ќе трошиш пари кои не си ги заработил.

Во мојата земја се уште клетвата е начин на комуникација, омразата секојдневие во меѓучовечките односи, а митот за минатата величина е сегашност и иднина и замена за се што е и може да биде.

Живеам во држава во која знаењето е најголем грев, доблеста е слабост, а разумот предмет на исмевање.

Живеам во земја која се наоѓа во зоната на сомракот без надеж да излезе од таму. Уште многу долго затоа што луѓето мислат дека е тоа единствениот начин на живеење.

Не можам да се извлечам од ова чувство после прочитаните написи полни со омраза за смртта на прекрасната девојка која се заљубила во планината.

Една од оние поретките заради кои уште може да се сака оваа земја иако е заглавена во зоната на сомракот.“ напиша Мирјана Најчевска на својот фејсбук профил.

Коментари

Коментари

Related Articles