Зошто баба ми немаше целулит?

 Breaking News

Зошто баба ми немаше целулит?

Зошто баба ми немаше целулит?
January 25
10:52 2018

Мојата баба Спасуна живееше 97 години. Почина во сон. Не страдаше од тешки болести, немаше висок крвен притисок, носеше очила само за гледање од блиску.

За нејзината висина од 161 сантиметри – тежеше 57 килограми, без ниту еден ден од животот да била подложена на диета. Според неа, гладувањето е „глупост со која девојките го малтретираат своето тело и не умеат да уживаат во малите радости на животот“.

Сметам дека баба ми Спасуна доживеа длабока старост, бидејќи се држеше кон неколку едноставни правила.

1. Наутро мојата баба пиеше билен чај на гладно. Таа не знаеше што е безалкохолен газиран пијалок, но за сметка на тоа во нејзината кујна, во специјална фиока во стариот дрвен креденец, таа чуваше торба со исушени билки .

Кантарион, нане, мајчина душица, невен, коприва, шипка … Баба пиеше билни напивки неколку пати на ден, без да води сметка за сезоната надвор. Дури и на лето таа сакаше да си направи топол чај , кој на мое изненадување, делуваше поосвежително и од најстудениот пијалок.

Подоцна разбрав на што се должи овој факт. Тајната на топлиот чај е едноставна – тој ги проширува крвните садови и го зголемува потењето, а со него исчезнува и вишокот од топлина. Така организмот се лади. Токму затоа во топлите земји сите пијат топол чај за да се изладат.

2. Баба доручкуваше еден час по утринскиот чај. Нејзиниот појадок, за разлика од теоријата која гласи дека тоа треба да биде најобилниот оброк во текот на денот, беше едноставен и мал по количина.

Во пролетта и летото таа поткаснуваше еден-два плодови, на кои во моментот им е сезона, или кришка леб, домашна урда / сирење и домат – набран непосредно од градината.

3. Баба не беше најегзотичната готвачка на светот, па затоа за ручек подготвуваше манџи од „она што го има“. Нејзините јадења беа едноставни, само со неколку производи, но сепак многу вкусни.

4. Баба не ги познаваше денешните модерни зачини , но редовно користеше сол, магдонос, мајчина душица, нане, босилек, рузмарин …

Таа велеше дека човек треба да користи само растенија кои растат во неговата татковина.

5. Баба не пржеше, освен мекиците кои беа ритуал за појадок во недела. Не готвеше мрсна храна, но редовно користеше свинско сало, приготвено лично од нејзините вешти раце.

6. Баба ретко поткаснуваше нешто за вечера, но сепак имаше мала посебна чаша во која ставаше не повеќе од 50 мл. домашна ракија, која сакаше да ја пие бавно. Таа често се шегуваше дека тоа е нејзината пилула за спиење. Не одбиваше и чаша црвено вино.

7. Баба секогаш го јадеше она што го обезбедуваше сезоната. Во пролетта и летото тоа беа свежите салати и овошје. Во доцната есен и зима – исто така.

Нејзините зимски салати беа од цвекло, репа, моркови, кисела зелка или некоја вкусна домашна туршија.

Не смееме да заборавиме и за јаболката и крушите, кои се консумираат свежи или печени во рерна. Во зима немаше недела во која баба не печеше тиква , која според неа беше совршен десерт.

8. Секогаш имаше на масата лук и лута пиперка, ако се поткаснуваше нешто солено.

Во студените месеци од годината правеше и нешто што таа пак го нарекуваше салата. Во длабок сад истураше суров доматен сос, сецкан свеж праз и една лажица масло. Не знаете колку е вкусно.

9. Баба ретко пиеше млеко, но затоа со задоволство пиеше ајран и матеница . Од млечните производи ја обожаваше домашната урда, сирењето и путерот. Кашкавалот беше луксуз кој ретко беше присутен на нејзината трпеза.

10. Баба не беше вегетаријанец, но строго внимаваше на сите пости. Ретко јадеше месо.

11. Со другите баби од маалото имаа ритуал. Секоја среда попладне одеа во слаткарница во која задолжително нарачуваа по две тулумби и голема боза .

Во сабота попладне, исто така се собираа во една од нив, пиејќи турско кафе во комбинација со домашно слатко. Тоа беа двата дена во неделата, во кои баба ми консумираше нешто во кое има рафиниран шеќер.

12. Баба никогаш не стоеше долго на едно место. Дури и во зимските месеци, кога немаше работа во градината, таа сепак си наоѓаше нешто да заврши надвор, да биде на чист воздух, и пред се, да е во движење .

13. И нешто последно, но важно. Умот на баба не беше зафатен од мисли за кариера, заработување пари и материјални богатства.

Таа живееше од утро до вечер, од денес за утре, од ден за ден, затоа секогаш беше во добра поставеност на духот .

Коментари

Коментари

Related Articles