Зошто мажите имаат поголема просторна ориентација

 Breaking News

Зошто мажите имаат поголема просторна ориентација

Зошто мажите имаат поголема просторна ориентација
October 20
18:34 2017

Просторните способности се дефинираат како можност да се визуелизираат просторните односи и да се манипулира со истите. Наодите од неодамнешното истражување, објавено во списанието „Evolution and Human Behavior“, нудат силна поддршка за односот меѓу половите разлики во просторната способност и машката конкуренција за парење.

Со тестирање и интервјуирање на десетици членови на племињата „TWE“ (се изговара тау) и „Tjimba“ (се изговара чим-бах) кои живеат во планините во северозападниот дел на Намибија, антрополозите покажаа дека мажите кои подобро се снаоѓаат во просторот, не само што патувале подалеку од другите мажи, туку исто така, имале деца со повеќе жени.

„Ова е прв пат некој се обиде да повлече линија помеѓу просторните способности, навигацијата, дестинацијата и репродуктивниот успех. Поголемиот дел од овој синџир се претпоставува во научната литература”, вели Лејн Јашро, водечкиот автор на студијата .

Во психолошката литература, кај просторната способност и навигацијата се најистакнати половите разлики. Мажите се подобри. Овие племиња се одличен пример за изучување бидејќи патуваат на далечина од 200 км во текот на годината и имаат релативно отворена сексуална култура.

Зошто мажите се просторно подобри е интересен феномен, велат авторите. Некои луѓе мислат дека тоа е општествен конструкт, но тоа не објаснува зошто моделот опстојува низ човековите општества, па дури и во некои други видови.

Една хипотеза е дека мажите имаат поголема репродуктивна корист од добивање на повеќе партнерки. А еден од начините да дојдат до целта, е да се движат подалеку.

Коментари

Коментари

Related Articles